Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека настапот на Кими Антонели на трката во Монца бил разочарувачки, што доведе до шпекулации дека Италијанецот би можел да го загуби своето место во тимот за следната сезона.
- Разочарувачки викенд, разочарувачки. Не може да излезете во песок и да очекувате да бидете во игра за добро место. Целата трка беше разочарувачка. Тоа не ги менува мојата поддршка и мојата доверба во неговата иднина, бидејќи верувам дека тој ќе биде многу, многу, многу добар. Но, сега разочара – истакна Волф за „Скај Спортс“.
Антонели излета од патеката и заврши во песок, во текот на втората тренинг- сесија во Монца, што го чинеше време на патеката и влијаеше на неговата подготовка за самата трка.