Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер. Средбата, како што информира Тошковски преку социјалните мрежи, била искрена и содржајна, со фокус на унапредување на билатералната соработка.
-Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката определба за јакнење на институциите и модернизација на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата, напиша министерот на својот фејбук профил.
Тој додаде дека партнерството со САД носи силна поддршка за реформите МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.