Tошковски бил опериран, се огласи од болница: МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира

129

Министерот Панче Тошковски, кој во последниот период видливо отсуствуваше од јавноста, се јави денес од болница. На својот Фејсбук профил тој објави дека бил опериран и добро се чувствува.

-Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување.

Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните.

Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет, напиша Тошковски.

ИЗДВОЕНИ