петок, јануари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тошковски: „Безбеден град“ стартува на 1 февруари, СДСМ и ДУИ ги ставија...

Тошковски: „Безбеден град“ стартува на 1 февруари, СДСМ и ДУИ ги ставија партиските калкулации над човечките животи

40

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за прекршоци, со кој се овозможува целосна имплементација на системот „Безбеден град“ од 1 февруари, нагласувајќи дека станува збор за одлука што директно го штити животот и безбедноста на граѓаните.

Тошковски им заблагодари на сите пратеници кои денеска во Собранието ги поддржаа измените на Законот за прекршоци, чие усвојување беше неопходно за системот „Безбеден град“ да профункционира од 1 февруари. Кога постои политичка храброст и одговорност, вели Тошковски во објава на Фејсбук, може да се носат одлуки што директно го штитат животот на граѓаните.

„Со оваа одлука, Собранието испрати силна порака дека државата конечно презема системски чекори против сообраќајниот хаос и бесмислените загуби на човечки животи“, вели Тошковски во фејсбук-објавата.

Министерот во оваа прилика ги искритикува СДСМ и ДУИ, кои не ги поддржаа измените на Законот за прекршоци, обвинувајќи дека двете опозициски партии ги ставаат партиските калкулации над човечките животи.

„Иако никогаш немаа храброст јавно да ја признаат својата коалиција, денес таа повторно излезе на површина преку заедничкото гласање против систем кој веќе дава резултати и спасува животи. Овојпат не се одлучуваше за функции, договори или политички пазари, туку за безбедноста на граѓаните, а тие наместо да направат чекор напред, свесно избраа да останат заробени во истите шеми, влечејќи ја државата назад. Имаа шанса да бидат дел од решението, но избраа да бидат дел од проблемот“, вели Тошковски.

 

 

ИЗДВОЕНИ