Торта од соништата: Воопшто не ја вклучувате рерната, а вкусот е како да сте се труделе со часови – идеална за со кафе, згора на сѐ и посна

22

Оваа торта го „запали“ интернетот, а има и зошто. Посна е, многу вкусна, а воопшто не се пече, па нема потреба ни да помислите на рерната, а камоли да ја вклучите.

Препорачуваме да ја послужите со шолја кафе.

Состојки:

250 г мелени бисквити
100 г мелени печени лешници
100 г растопен маргарин
100 г шеќер во прав
200 мл сок од портокал, соино или бадемово млеко, кока-кола или чај
Крем I и II:

1л соино млеко
160 г пудинг со вкус на ванила
6 лажици шеќер
200 мл вода
150 г маргарин
100 г шеќер во прав
55 г или една кесичка шлаг
50-60 мл минерална или обична ладна вода
200 г посно бело чоколадо
100 г темно чоколадо
150 г парчиња бисквити

Подготовка:

Сварете го пудингот. Истурете го соиното млеко во тенџере и оставете да зоврие. Изматете го пудингот, шеќерот и водата одделно. Потоа сварете го пудингот во млекото и мешајте додека не се згусне. Тргнете од оган, покријте го со фолија и оставете го да се олади. Во сад измешајте ги мелените бисквити, печените, мелените лешници, шеќерот во прав, растопениот маргарин и сокот од портокал и мешајте додека целосно не се соединат. Рамномерно распоредете ја смесата за бисквити на прстенот. Растопете го темното и белото чоколадо, потоа изматете го маргаринот и шеќерот во прав додека не добиете пена. Добро изматете го изладениот пудинг и постепено додавајте го во маргаринот. Потоа сè добро изматете. Изматете ја шлагот посебно со вода и додадете го во кремот. Поделете го кремот на два дела и додадете бело чоколадо во едниот, а темно чоколадо во другиот. Премачкајте ја кората и одозгора наредете ред бисквити. Премачкајте го вториот фил врз бисквитите. На крај, декорирајте ја тортата по желба.

ИЗДВОЕНИ