УФЦ-борачот Илија Топурија го одржа зборот: славеше во главната борба на вечерта со победата над Чарлс Оливеира со брутален нокаут и стана новиот шампион во лесна категорија. Борбата започна жестоко – двајцата почнаа агресивно, а по неколку силни удари во стоечка положба, Оливеира почна да крвави. Бразилецот се обиде да го изненади Грузиецот со тејкдаун, кој успеа да се извлече од тешката позиција.

Набргу потоа – шок за сите присутни! Топурија зададе две жестоки крошеа, нокаутирајќи го противникот во првата рунда, исто како што најави пред борбата.

Со оваа победа, Топурија (17:0) официјално е нов шампион во лесна категорија, додека Оливеира (35:11) останува без шанса да се врати на тронот.

ИЗДВОЕНИ