недела, февруари 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Топлотниот бран ќе спласне! Од утре пад на температурите

Топлотниот бран ќе спласне! Од утре пад на температурите

94

Од утре пад на температурите за три до пет степени, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, ќе дува и умерен до засилен северен ветер, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 27 до 36.

Во втроник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне 34 степени. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува и во среда и четврток за кога дневните температури се очекува да изнесуваат максимум 33 и 34 степени.

ИЗДВОЕНИ