„Топката е во теренот на Србија“, порача Кошта

210
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Политичката волја на Србија е таа да биде на европскиот пат, да ја забрза својата интеграција, да го отвори Кластерот 3, иако никој не знае со сигурност кога тоа ќе се случи, поради патувањето во Москва“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија, по разговорите со Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет. Кошта изјави дека ЕУ останува посветена на пристапувањето на Србија во ЕУ и дека е задоволен што интеграцијата во ЕУ останува приоритет на Србија.

Вучиќ рече дека му е благодарен на претседателот Кошта за посетата на Србија и за тоа што му донел добра волја. Тој рече дека е задоволен од разговорите.

„Разговаравме за важни, но не нужно лесни прашања“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во заедничкото обраќање со својот гостин, Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.

„Ние сме посветени на европскиот пат и денес разговараме за сите прашања од заеднички интерес, ја гледаме иднината на регионот во ЕУ, рече Вучиќ. Почестен сум од посетата на Антонио Кошта и сум благодарен на ЕУ за нејзината поддршка во форма на бројни проекти што придонесоа за брзиот и стабилен раст на нашата земја. Ние сме посветени на европскиот пат и денес разговараме за сите прашања од заеднички интерес…, додаде српскиот претседател“

Вучиќ потенцира дека Србија останува искрено и цврсто посветена на реформите и дијалогот и ја гледа иднината на регионот во Европската Унија.

Кошта се заблагодари за добредојдето.

„Во декември, кога го започнав мојот мандат како претседател на Советот, испратив порака дека сме за проширување на ЕУ. Верувам дека иднината на ЕУ е во рацете на ЕУ, топката сега е на ваш терен. Иднината нема да чека. Проширувањето се базира на доверба“, рече Кошта.

ИЗДВОЕНИ