Топењето на арктичкиот морски мраз драматично се забави во последните 20 години, открива нова студија, изненадувајќи ги научниците.
Откритието е изненадување, велат истражувачите, бидејќи емисиите на јаглерод од согорувањето на фосилни горива продолжуваат да растат, поттикнувајќи го глобалното затоплување, објавува „Гардијан“.
Научниците велат дека природните варијации во океанските струи што го ограничуваат топењето на мразот веројатно помогнале да се избалансира континуираниот пораст на глобалните температури, но додадоа дека ова е само привремен поттик и дека топењето веројатно ќе продолжи со двојно поголема брзина од сегашната во следните пет до десет години.