Италијанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Њукасл, Сандро Тонали, важи за најголема желба на раководните лица на најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус. Челниците на „старата дама“ се убедени дека двата клуба ќе седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда за одличниот играч за врска не биде помала од 100 мил. евра.