Очигледна е намерата по секоја цена на партијата која е во пропаѓање да обвинува, клевети и жигосува, стои во објавата на Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ на неговиот фејсбук профил реагирајќи на прес-конференцијата на СДСМ, на која беше обвинет дека е поврзан со компаниите „Сити логистик„ и „Сити аутсорсинг“, кои наводно добиле 161 тендер од државни и општински институции во вкупна вредност од 5,36 милиони евра за две години.
„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам, пишува Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијајата на својот профил на „Фејсбук“.
„Очигледна е намерата по секоја цена на партијата која е во пропаѓање да обвинува, клевети и жигосува. Тоа е нивниот стил, но и единствената сламка за спас. Додека тие зборат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели држете го крадецот. И сакаат да се заборави на златните визи на Филипче, Заев, за модуларната болница, Соравија, плантажите за марихуана.
СДСМ ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи.
Власта е одговорност и таму не се доаѓа со пазарџиски финти, клевети. Очигледно, тоа е нивната понуда, а народот ќе суди, впрочем како што им пресуди на последните избори.
Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено, од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат












