Седумкратниот шампион на НФЛ и еден од најдобрите играчи во американски фудбал, Том Брејди, објави за своето враќање на теренот, но овој пат во различен формат. Тој ќе учествува на првиот турнир „Флег фудбал класик фанатикс“, кој ќе се одржи во март 2026 година, во Саудиска Арабија. Турнирот ќе се игра во формат секој со секого помеѓу три екипи. Иако станува збор за флег- фудбал, форма на американски фудбал без физички контакт, настанот ги собира некои од најголемите имиња во НФЛ денес и во минатото.
Покрај Брејди, своето учество го потврдија и други големи ѕвезди, како што се Сакуон Баркли (Филаделфија иглс), Тајрик Хил (Мајами долфинс), Кристијан Меккафри (Сан Франциско), Сос Гарднер (Њујорк џетс), Мајлс Гарет (Кливленд браунс), Сиди Ламб (Далас каубојс), Макс Крозби (Лас Вегас рејдерс) и Одел Бекам Јуниор, кој моментно нема тим.
Долгогодишниот соиграч на Брејди од неговите денови во Патриотс, Роб Гронковски, исто така ќе биде дел од овој спектакл.