Проблемите со кои возачите се соочуваат, од како се вклучија камерите на проектот „Безбеден град“ во тест периодот до 1 февруари, ќе можат да се пријавуваат на пункт или на интернет страница. Министерот за внатрешни работи панче Тошковски најави дека во склоп на управните служби на МВР, познати како пасошко во МТВ, ќе се отвори пункт за пријавување на сите грешки од системот со кои граѓаните се соочиле. Освен физички, возачите ќе можат наскоро неправилностите да ги пријават и на интернет страница, а министерот најави и мобилна апликација за известување од нелогичности на „Безбеден град“.
Тошкоски рече дека се работи на остранување на сите неправилности и оти од 1 февруари возачите свесно ќе придонесат за безбедноста во сообраќајот. Во однос на праг на толеранција, односно дали ќе му се прости на возач што наместо дозволените 50 киломерти на час, возел 51 или 52, министерот потврди дека ќе го има тој праг во рамките на европските стандарди, но оти таа толеранција ќе биде само за прекршоци, но не и кога е сторено кривично дело во сообраќајот.
– Ако ја земеме глобалната статистика, при возење со 60 км. на час, од 10 повредени при сообраќајка сите починале, сторување кривично дело при возење од 50 км/ч од 10 поврдени преживеале само двајца и со брзина од 30км/ч од 10, преживеале 8 луѓе, кажа Тошковски.
Со оглед дека камери ќе снимаат и контролираат сообраќај и на автопатите, МВР најави дека ќе има ревизија на сообраќајните знаци онаму каде им поставени камери. Ова следува по поплаките од граѓаните особено на автопатот Тетово-Скопје дека знакот за доволена брзина бил по поставената камера.
Пробниот период од системот „Безбеден град“ функционира веќе две недели и според податоците има големо подобрување во свеста кај возачите да се придржуваат до сообраќајните правила. Изминативе денови пак граѓаните кои возеа до и назад од работното место се жалат на голем застој и гужви, токму поради новите правила. (П.А.)












