Токсичен облак над Барселона – властите апелираат до жителите да не излегуваат надвор/фото

45

Шпанските власти апелираа до повеќе од 160.000 жители на пет општини во регионот Каталонија да не ги напуштаат своите домови поради токсичен облак од хлор предизвикан од пожар во индустриски магацин, пренесува Бета.

„Доколку сте во погодената област, не го напуштајте вашиот дом или работно место“, се вели во апелот на Цивилната заштита на социјалните мрежи.

Апелот се однесува на жителите на крајбрежните општини помеѓу Барселона и Тарагона.

Пожарникарите работат на гаснење на пожарот, кој не предизвикал повредени.

Пожарот избувнал во зори утрово во магацин каде што се складираат производи за базени.

ИЗДВОЕНИ