Првиот потпретседател и министер за финансии на Србија Синиша Мали во гостувањето во дневникот на РТС, детално ја објасни здравствената состојба на претседателот Александар Вучиќ, бидејќи тој бил покрај него кога му се слошило.
„По 17 часот излезе од ВМА, се слушнав со него, вели дека се чувствува подобро. Само што слетавме во Белград, тој отиде во ВМА. Но, вистината е, она за што зборуваше докторот, јас и Сузана Васиљевиќ, не ја гледавме ситуацијата со исти очи како тој. Беше потребно подолго време, но… Ние се подготвивме за таа средба, а за тоа пристигнување во САД ни беше важно да се обидеме да решиме што е можно повеќе од тие проблеми во директен контакт таму“, рече министерот Мали кој заедно со Вучиќ, престојуваше во САД.
Како што додаде, тие се подготвувале за неформален разговор меѓу двајцата лидери.
„Тој разговор требаше да се случи вчера, но наеднаш му се слоши. Но, тешко ми е да зборувам за тоа. Се надевам на брзо закрепнување, ова не му се случува прв пат, веќе трет, четврти… Тоа ми е најважно, но не гледаме што се случи исто, но добро, лекарите се таму. Според мене, приоритет на сите приоритети е здравјето на Вучиќ! Затоа, никој не сакаше да направи никаков компромис, освен, за жал, самиот тој – одговори тој.
„Резултатите ги знае само д-р Динчиќ, а поради неговата состојба, она што вечерва сакаше претседателот да го пренесам е дека тој е подобар, тој е силен човек и не се сомневам во неговото брзо закрепнување.
Министерот рече дека Вучиќ оди 150 на час кога е Србија во прашање.
Министерот истакна дека посетата ја планирале долго време, и дека не сакаат да излезат со таа вест; тие денеска требаше да имаат средба со министерот за финансии на САД, Скот Бесант — да разговараат за тоа што е важно за граѓаните на Србија.
„Тие се задолжени за царините, а круна на нашата посета беа тие средби, за со резултатите да се вратиме во Србија. И секако, моравме да ги откажеме сите состаноци, но ајде добро, ќе имаме можност повторно да ги организираме. Сите приоритети се секако здравјето на Вучиќ, но се друго ќе решиме во следните неколку недели, месеци, на крајот не е важно“, истакна тој.
За односите со Вашингтон, Брисел и Москва и за најавеното заминување на претседателот по повод Денот на победата во Русија на 9 мај, Мали забележува дека во овој момент не може да каже дали ќе оди, поради неговата здравствена состојба, но претпоставува дека Вучиќ ќе си го одржи зборот.