Ѕвездата на Голден стејт, Дрејмонд Грин, го обвини судијата Џ. Т. Ор дека му досудил техничка грешка откако му рекол да не му става рака пред лицето. Тој, исто така, рече дека судијата бил „белец“. Инцидентот се случил за време на домашниот натпревар против Детроит Пистонс, кој гостите го добија со 131:124.

  • Мислам дека е многу иронично што добив техничка грешка, затоа што му реков на бел судија да не ја става раката на моето лице. Како црнец во Америка, не ја ставај раката на моето лице, им рече Грин на новинарите.

Според него, Ор му рекол за време на расправијата: „Дрејмонд, ова е твојата шанса да престанеш да зборуваш со мене“, а Грин тврди дека судијата кренал рака кон неговото лице. Сепак, емитуваната снимка не го покажува судијата како ја крева раката кон Грин за време на расправијата.

Грин бил лут и поради ситуацијата во втората четвртина, кога, додека му викал на судијата, бил држен од одбранбен играч и не успеал да фати додавање кое потоа го изгубил во аут. По тајмаутот, тој продолжи да се расправа со судијата додека одеше кон клупата, а потоа доби техничка казна.

  • И му реков: „Еј, не ми ја ставај раката на лице“. И добив техничка казна. Тоа беше најинтересното нешто во текот на целата вечер, додаде Грин и продолжи со својата критика дека почитта е „двонасочна улица“.
  • Сите сакаат да зборуваат за држење на линијата на почит. Таа линија мора да оди во двете насоки. Ако не оди во двете насоки, тогаш нема да ја држам ниту јас на моја страна бидејќи сите сме мажи и сите можеме да донесуваме одлуки и да избираме. Oва нека биде последен пат ова да се случува, порача Грин.

Тоа беше неговата 10. техничка грешка во сезоната и 209. во неговата кариера, вклучувајќи ги и плејофот.

Тој е исто така водечки играч по технички грешки; претходно овој месец, тој го помина Ентони Мејсон на листата на сите времиња за седмото место, уште две за да го помине Двајт Хауард и уште 60 за да го помине Денис Родман и да влезе меѓу првите пет.

Грин освои четири титули со „воините“ и заработи повеќе од 200 милиони долари во својата кариера. Тој има историја на инциденти, вклучувајќи го удирањето на сопствениот соиграч за време на тренинг во 2022 година, како и правење грди фаули, вклучувајќи и шутирање на противник во препоните.

ИЗДВОЕНИ