Актуелниот американски претседател Доналд Трамп издаде серија јавни предупредувања до Иран, нарекувајќи го врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи „лесна цел“ и велејќи дека „американското трпение е при крај“.
„Точно знаеме каде се крие таканаречениот „врховен лидер“. Тој е лесна цел, но таму е безбеден – засега нема да го елиминираме (убиеме)! Но, не сакаме никакви ракети испукани кон цивили или американски војници. Нашето трпение е при крај. Ви благодариме за вашето внимание!“, објави Трамп на „Truth Social“.
Кратко потоа, тој објави уште еден пост, со само една реченица, напишана со големи букви: „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ“.
„Си-ен-ен“ претходно објави во текот на викендот дека Трамп го отфрлил израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, повикувајќи се на два неименувани извори.