epa11657083 Spanish tennis player Carlos Alcaraz (R) and former Swiss tennis player Roger Federer (L) watch the Singles Final match between Jannik Sinner of Italy and Novak Djokovic of Serbia at the Shanghai Masters tennis tournament in Shanghai, China, 13 October 2024. EPA/ALEX PLAVEVSKI

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, вели дека се надева дека Шпанецот Карлос Алкараз ќе го освои претстојниот гренд – слем трурнир Австралија Опен и ќе стане најмладиот тенисер што го комплетирал колекцијата со сите гренд слем титули.

Алкараз, кој има 22 години и има шест гренд слем титули, ќе се обиде да го додаде и трофејот од Мелбурн кон своите две титули на Вимблдон, две на Ролан Гарос и две на Отвореното првенство на САД.

Швајцарската легенда ја комплетираше својата гренд – слем колекција со освојување на Ролан Гарос во 2009 година, пет години откако триумфираше на преостанатите три големи турнири.

Да се освојат сите гренд – слем титули во кариерата на таа возраст би било лудост“, рече 44-годишниот Федерер на прес-конференција во Мелбурн Парк.

Ќе видиме дали е способен да направи нешто лудо оваа недела. Се надевам дека ќе го стори тоа, бидејќи тоа би бил неверојатно посебен момент за тенисот.“

Светскиот тениски рекет број еден, Алкараз, е една половина од возбудливото соперништво со Италијанецот Јаник Синер, кое го потсети Федерер на неговите дуели со Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Алкараз и Синер ги поделија последните осум титули на гренд слем турнири и играа во последните три финалиња.

Она што го видовме во однос на нивниот напредок во последните години беше прекрасно“, рече Федерер, кој се пензионира во 2022 година и никогаш не играл со ниту еден од нив двајцата.

Тренирав малку со нив. Тие се неверојатни удирачи на топката. Очигледно има уште. Само се надевам дека ќе останат без повреди.“

Федерер е на Австралија Опен за прв пат од 2020 година, каде ќе се одржи посебна церемонија во негова чест. Поранешниот број еден освои 20 гренд слем титули – вклучувајќи рекордни осум на Вимблдон – како и 103 титули на АТП турнејата.

Шесткратниот шампион во Мелбурн вели дека пензионирањето е „многу полесно“ отколку што очекувал и сега може да помине повеќе време дома со своето семејство.

Иако ужива да поминува време на теренот со своите деца и „обожава“ да гледа тенис како навивач, тој моментално нема планови да продолжи со тренерска кариера.

Никогаш не вели никогаш. (Стефан) Едберг го кажа истото. Многу сум зафатен, имам четири деца. Засега нема шанси“, додаде Федерер.

 

ИЗДВОЕНИ