Макс Верстапен ќе мора да го предаде тронот во Формула 1 оваа сезона бидејќи е далеку зад двоецот на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, иако победи на трката за големата награда на Имола.

По оваа негова победа, поранешниот судија на Ф1, Џони Херберт, го спореди Холанѓанецот со легендарниот Михаел Шумахер.

  • Знам дека неодамна, пред паузата, рече дека веројатно нема повторно да победи оваа година. Тоа е класична работа што ја кажуваше Михаел Шумахер во своите ментални игри. Сега е Макс Верстапен, истакна Херберт по третата сезонска победа на Холанѓанецот.

Херберт верува дека има моменти кога возачот и болидот стануваат совршен пар.

  • Тогаш успевате да остварите победи како што направи тој оваа сезона. Монца беше типичен пример. Болидот беше добар, доволно добар, а Мекларен беше малку послаб, што веќе го имаа во Монца поради карактеристиките на болидот.

Тој додаде дека патеката во Монца не наградува аеродинамична сила, туку чиста брзина на правците.

  • Сè е во тоа да се биде што е можно поефикасен и побрз на долгите правци. Секогаш постоеше шанса дека ако некој направи сè совршено, може да го победи Мекларен. И кога ќе го фрлите Макс во тоа сценарио, секогаш има шанса, додаде Херберт.

Една од клучните причини зошто Верстапен се врати на врвот беше неговото преземање ризик со поставувањето на болидот. Тој одлучи да вози со помалку аеродинамичен зафат отколку што предложи техничкиот директор на Ред Бул, Пјер Ваш.

  • Едно нешто што ми го привлече вниманието е тоа што се чини дека сега Ред Бул го слуша Макс повеќе отколку порано. Сè се базира на податоците и на тренингот во петокот, врз основа на кои се прави нагодувањето и стратегијата за недела. Но, ми се чини дека овој пат имаше поголем акцент на мислењето на Макс и тоа ми се допаѓа бидејќи мислам дека е многу важен дел од работата на возачот, што денес сè помалку се цени, објасни Херберт.

ИЗДВОЕНИ