Филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Џафар Панахи ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал, Златната палма, во неделата.
Панахи, кој неколку пати беше апсен во Иран поради неговото снимање филмови, последен пат лично присуствуваше на фестивалот во 2003 година, кога неговиот филм „Скарлетно злато“ беше прикажан во категоријата „Извесен поглед“, објави „Ројтерс“.
„Тоа беше само несреќа“ го следи Егбал, кој една вечер на патот удира и убива куче, а штетата на неговиот автомобил го води до гаража каде што го среќава човекот за кој верува дека го мачел во затвор.
Седумдесет и осмото издание на Канскиот филмски фестивал, чиј претседател годинава е француската актерка Жулиет Бинош, се затвори вчера вечерта, а по прогласувањето на победниците следеше проекција на филмот „Одисеја на глуварчето“ од Момоко Сато, пренесува Танјуг.