среда, февруари 4, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Тоа беше неприфатливо, покажа слабост што не требаше

Тоа беше неприфатливо, покажа слабост што не требаше

683

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз неодамна беше поразен во финалето на Вимблдон од Јаник Синер, а на легендарниот Џими Конорс не му се допадна неговото однесување за време на тој натпревар. Алкараз го доби првиот сет со 6:4, но потоа ги загуби следните три со ист резултат.

По еден брејк во секој од трите сета беше доволен за Синер, а познатиот Американец верува дека Шпанецот лесно се предаде. Во еден момент, Алкараз им се обрати на своите во тимови и им рече дека Синер е премногу доминантен во размените на основната линија.

Конорс беше гостин во подкастот што го водеше познатиот тренер Патрик Муратоглу, а во таа прилика зборуваше за финалето.

„Според мене, неговиот пристап беше неприфатлив, не требаше да се однесува така. Се пожали на својот тим и покажа слабост што не требаше да ја покаже во тој момент. Требаше да се обиде да најде ново решение и да направи нешто различно, само така ќе имаше шанса да се врати. Ако планот А не ти функционира, мора да смислиш нешто друго. И јас сум бил во големи проблеми во финалињата на грен слем турнирите и не сум знаел што да правам, тоа им се случува на сите. Но, тој се откажа премногу лесно“, рече Конорс.

И покрај поразот, младиот Шпанец по финалето изјави дека е задоволен.

„Среќен сум и горд на сè што правам. На почетокот на сезоната малку се мачев, но потоа одеднаш почнав да уживам на теренот и повторно да играм добро. Ја почувствував таа возбуда кога излегувам на теренот, благодарение на моето семејство и мојот тим. Без нив, сето ова не би било можно, да играм исклучителен тенис и да стигнам до тука. Досега беше посебно патување за мене, сакам да продолжам вака и да останам во можност да донесам радост на теренот“, рече Алкараз.

 

ИЗДВОЕНИ