Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала се случи крај полуостровот Камчатка, објави огранокот Камчатка на Обединетата геофизичка служба на Руската академија на науките.
Во соопштението се наведува дека земјотресот е регистриран на 212 километри од Петропавловск-Камчатски во Тихиот Океан, на длабочина од 24 километри, објави „ТАС“.
Агенцијата потсетува дека во среда наутро, на 30 јули, земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран крај Камчатка, по што следеле низа земјотреси со јачина од пет и шест степени.
По земјотресот, се случи цунами крај брегот на неколку земји, вклучувајќи ги Русија и САД.
„Обединетата геофизичка служба“ вчера наутро објави дека најмалку осум нови земјотреси се регистрирани за 60 минути крај брегот на Камчатка.
Сеизмолозите проценија дека потресите имале интензитет помеѓу 5,4 и 6,7 степени според Рихтеровата скала.