Шефот на Мекларен, Андреа Стела, вели дека ривалите Ферари и Мерцедес се чекор пред неговиот тим откако ги завршија претсезонските тестирања во Бахреин, пред почетокот на шампионатот во Формула 1.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше за повеќе од осум десетинки побрз од актуелниот шампион Ландо Норис од Мекларен на последниот ден од вториот тест во Бахреин, но Стела верува дека неговиот тим не е далеку од своите два големи ривали.

  • Тешко е да се каже. Минатиот четврток бев на симулација на трка помеѓу Оскар (Пјастре) и (Макс) Верстапен, се случи во слично време и беше со слично темпо. Честопати на симулациите на трките може попрецизно да видите кои се вистинските карактеристики на болидот. Причината зошто мислам дека мора да бидеме внимателни е тоа што во зависност од времето, од денот, симулацијата на трката може да биде доста брза. Ландо се снајде доста добро на симулацијата на трката на последниот ден, но, веројатно, крајот на третиот ден беше најбрзото време на патеката во сите шест дена. Тешко е да се каже. Мислам дека Мекларен и Ред бул се многу слични. Ферари и Мерцедес се чекор понапред – рече шефот на тимот на шампионатот за конструктори.

Стела истакна дека патеката во Бахреин има многу зони за сопирање во споредба со „Алберт парк“ во Австралија, каде што ќе започне новата сезона во Формула 1 на 8 март.

  • Во Австралија ќе биде малку потешко. Мислам дека ќе видиме возачи што се повеќе ангажирани во својот стил на возење за да се осигурат дека се користи погонската единица во однос на собирањето енергија, на ефикасен начин. И кога велиме ефикасна, мислиме ефикасна подолг временски период – рече Стела.

Мекларен користи мотори на Мерцедес и Стела рече дека имало навистина добра соработка со тимот на мотори на Мерцедес, но дека Мекларен може да направи подобрување за да направи начинот на кој се користи погонската единица оптимален.

ИЗДВОЕНИ