Двајца 18-годишници осомничени за палењето на облакодерот Вјесник остануваат во притвор, откако денес истражниот совет на Загребскиот окружен суд ја отфрли жалбата на нивните адвокати.
Им беше наредено да останат во притвор за да се спречи повторување на делото.
- Немаме право да се жалиме на оваа одлука. Мајката на мојот клиент се надеваше на поинаква одлука, како и јас, но ние сме таму каде што сме, изјави адвокатот на вториот осомничен, Петар Барбир, според хрватскиот портал „24sata“.
Се сомнева дека двајцата млади лица запалиле хартија вечерта на 17 ноември, додека престојувале кај пријатели во облакоредот Вјесник, по што пожарот се разгорел и се проширил.
Иако сè уште нема резултати од истрагата или вештачење, односно не се знае точно што го предизвикало пожарот, обвинителството ги товари овие двајца тинејџери за еден од најголемите пожари што го погодија Загреб. За среќа, никој смртно не настрада од пожарот.
Експертите одлучија дека облакодерот Вјесник мора целосно да се сруши, но сè уште не е одлучено како и кога тоа ќе се направи, иако зградата е прогласена за небезбедна и може да се сруши.











