Каде и да погледнете, сè е полно со млади луѓе, вели нараторот додека камерата се движи низ фабриката, прикажувајќи десетици тинејџери како прават компоненти за беспилотни летала и работат на компјутери во добро осветлени фабрички простори. Според „Евроњуз“ повеќе од 500 дронови и ракети редовно се лансираат во Украина за време на ноќните напади, а аналитичарите веруваат дека Кремљ е блиску до тоа да може да лансира повеќе од 1.000 дронови дневно
Не само возрасните, кои се во првите борбени линии, туку и руските тинејџери на свој начин учествуваат во војната со Украина. Тие му помагаат на режимот на претседателот Владимир Путин во производство на беспилотни летала „шахед“ што се користат во масовните воздушни напади за совладување на воздушната одбрана на Украина.
Снимки објавени од телевизискиот канал на руското Министерство за одбрана, „Звезда“, покажува како вредни тинејџери работат во најголемата фабрика за производство на дронови во светот, „Јелабуга“, во близина на Казан. Според снимките од внатрешноста на фабриката покажуваат како малолетници и студенти заедно со вработените на производствена лента склопуваат мат-црни беспилотни летала „Геран-2“, што е руската верзија на иранскиот беспилотен авион „шахед 136“. Исто така, тинејџери на возраст од само 15 години, по завршување на деветто одделение, се поканети да работат во фабриката, а според видеото, повеќето од нив доаѓаат од блискиот технички колеџ.
– Каде и да погледнете, сè е полно со млади луѓе, вели нараторот додека камерата се движи низ фабриката, прикажувајќи десетици тинејџери како прават компоненти за беспилотни летала и работат на компјутери во добро осветлени фабрички простори.
На една од снимките е прикажан транспарент на кој пишува „Курчатов, Королев и Сталин живеат во вашата ДНК“. Игор Курчатов е советски физичар кој се смета за татко на советската програма за атомска бомба, а Сергеј Королев беше водечки дизајнер на вселенски летала за време на вселенската трка за време на Студената војна. Во видеото, исто така, се вели дека Путин, додека ја посетувал фабриката во Јелабуга, предложил сличен модел да се реплицира низ целата земја, наводно за да се намали зависноста на Русија од иранскиот увоз.
Дроновите „шахед“ станаа клучен дел од плановите на Путин за постојано бомбардирање на украинските градови, особено ноќе, со цел да се намали моралот на украинските вооружени сили и да се заплашат цивилите. Европските одбранбени претставници веруваат дека Русија планира да лансира илјадници од релативно евтините беспилотни летала „шахед“ секоја вечер откако ќе се зголеми производството. Се смета дека новата темна боја на руските модели одразува зголемен фокус на ноќните напади.
Видео од фабриката ги прикажува леарниците за метал, ковачницата, како и станиците за склопување и тест-постројките, додека друго видео, објавено во Русија во неделата, покажува како дронови се лансираат од приколки на нешто што личи на нови американски пикап камиони „Доџ рем 1500“.
Се верува дека Русија моментално произведува повеќе од 5.000 дронови со долг дострел месечно, при што само од „Јелабуга“ излегле 18.000 дронови во првата половина од 2025 година. Според „Евроњуз“ повеќе од 500 дронови и ракети редовно се лансираат во Украина за време на ноќните напади, а аналитичарите веруваат дека Кремљ е блиску до тоа да може да лансира повеќе од 1.000 дронови дневно. Дроновите како „шахед“ се релативно евтини и чинат меѓу 30 и 45 евра, додека украинските системи за воздушна одбрана, испорачани од Западот, се скапи. Еден пресретнувачки проектил „патриот“, на пример, чини околу 5,5 милиони долари.
Фабриката „Јелабуга“ е основана во 2023 година во рамките на посебната економска зона „Алабуга“, која се наоѓа во близина на градот Казан, кој е познат како центар на високотехнолошко производство. Се наоѓа на бреговите на реката Кама, која е поврзана со Каспиското Море преку реката Волга и со тоа обезбедува директна трговска линија со Иран. Дронот Геран-2 што се произведува таму е долг околу 3,5 метри, тежи околу 200 килограми и може да носи боева глава од 50 килограми. Може да напаѓа цели на оддалеченост до 1.800 километри со брзина од 300 км/ч.