недела, февруари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тинејџери краделе книги од „Државниот архив“ – полицијата ги уапсила брзо по...

Тинејџери краделе книги од „Државниот архив“ – полицијата ги уапсила брзо по грабежот

57

Полициски службеници утринава во 04:45 часот ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје.

Тинејџерите се уапсени на на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Московска“ во Скопје.

-По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РСМ, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ