Тинејџер од Охрид силувал 12-годишно девојче, друг малолетник снимал, видеото го искористил трет за уцена

67

Полицијата утрово уапси 16-годишник од Охрид, поради сомнение дека на 12 овој месец извршил обљуба на 12-годишно девојче од Охрид. Според соопштението од полицијата, друг малолетник го снимал чинот на обљубата.

До видео-материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, заканувајќи се дека во спротивно ќе го објавел видеото.

СВР – Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ИЗДВОЕНИ