Штотуку полнолетниот Андреј Танасковски го промашил 56 годишниот Марко Љубиша со прекар Кан, во хотелски комплекс во Пржно. Напаѓачот бил на лежалка на околу 20 метри од целта, во еден момент, тој се симнал по скалите, и му се приближил од зад грб на Кан. Но, неискуството на младиот ликвидатор ја спасува жртвата од смрт. Кога го извадил пиштолот Танасковски се лизнал на влажните плочки и го промашил Кан. Потоа избегал по работ на базенот, скокнал преку оградата и продолжил да бега, пишуваат црногорските медиуми. Полицијата се сомнева дека тој точно знаел оти Кан ќе престојува во хотелот Маестрал во Будва, па таму се пријавил со лажна лична карта, го следел неговото движење, чекајќи го вистинскиот момент за напад. Младиот човек кој е осомничен дека пукал во Кан наводно не го криел лицето и бил снимен од безбедносната камера на хотелот во Пржно каде што се случило злосторството. Полицијата во Црна Гора распиша потерница по младиот македонец кој според неговиот фејсбук профил најевројатно е од Скопје. |
Млад македонец е осомничен за обид за убиство на црногорски мафијаш минатата недела во хотел во будванската ревиера. Штотуку полнолетниот Андреј Танасковски го промашил 56 годишниот Марко Љубиша со прекар Кан, во хотелски комплекс во Пржно. Напаѓачот бил на лежалка на околу 20 метри од целта, во еден момент, тој се симнал по скалите, и му се приближил од зад грб на Кан. Но, неискуството на младиот ликвидатор ја спасува жртвата од смрт. Кога го извадил пиштолот Танасковски се лизнал на влажните плочки и го промашил Кан. Потоа избегал по работ на базенот, скокнал преку оградата и продолжил да бега, пишуваат црногорските медиуми. Полицијата се сомнева дека тој точно знаел оти Кан ќе престојува во хотелот Маестрал во Будва, па таму се пријавил со лажна лична карта, го следел неговото движење, чекајќи го вистинскиот момент за напад. Младиот човек кој е осомничен дека пукал во Кан наводно не го криел лицето и бил снимен од безбедносната камера на хотелот во Пржно каде што се случило злосторството.
Полицијата во Црна Гора распиша потерница по младиот македонец кој според неговиот фејсбук профил најевројатно е од Скопје. МВР на Црна Гора објави и телефони за пријава и апелираше до граѓаните да пријават доколку го видат Танасковски или доколку тој побара сместување, предупредија дека секое намерно прикривање информации може да претставува кривично дело Помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело, и подложи на одговорност.
„Со преземање на бројни извидувачки, оперативни, тактички, технички, форензички и доказни мерки и дејствија во координација со Вишото државно обвинителство, полициските службеници брзо го идентификуваа сторителот на ова тешко кривично дело, имено А.Т. (18), државјанин на Северна Македонија користејќи огнено оружје, испукал два проектили во правец на М.Љ., кој се здобил со телесни повреди во главата. По извршувањето на кривичното дело, А.Т. избегал во непознат правец“, соопшти Полициската Управа.
Според полициските податоци, Кан е висок член на криминалната група од Будва, која е тесно поврзана со криминалниот Шкаљарски клан.. На повредениот веднаш му била укажана медицинска помош и по укажаната медицинска помош, тој е пуштен на домашно лекување, информираат од болницата каде веднаш бил пренесен Љубиша.
„Постои основано сомнение дека директниот сторител на кривичното дело А.Т., при планирањето и подготвителните дејствија, се инфилтрилар во криминалните активности и престојот го регулирал како гостин во хотел под фалсификувана лична карта на име Јован роден 2006 год. државјанин на Република Србија“, соопшти Полициската управа.
Андреј е обвинет за обид за убиство, нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материи и фалсификување документи. Од македонската полиција за весникот ВЕЧЕР информираат дека се во комуникација со црногорските колеги за расчистување на кривичното дело. (П.А.)