сабота, февруари 7, 2026
Дома МАГАЗИН Tимоти Шаламе уловен на излегување од хотел со убавица покрај него –...

Tимоти Шаламе уловен на излегување од хотел со убавица покрај него – но, не е Кајли Џенер!?/ФОТО/ВИДЕО

46
EPA/CHRIS TORRES

Славниот млад актер, Тимоте Шаламе, беше фотографиран со Романката Ана Марија Вартоломеј во Париз, а фотографиите набрзо го обиколија светот.

Ова доаѓа кратко откако двојката се појави на црвениот тепих на доделувањето на „Греми“ наградите.

Шаламе и Ана Марија беа фотографирани како излегуваат од хотел и цело време изгледаа како да кријат нешто, објавува Дејли Меил. Од друга страна, нивните обожаватели тврдат дека станува збор за пријателска средба.

Ана Марија е родена во Романија, но пораснала во Франција, каде што е позната како млада и талентирана актерка. Сè уште не е јасно како го познава Шаламе и дали тие се навистина само пријатели.

Врската на Тимоти Шаламе и Кајли Џенер не е добро прифатена од обожавателите на актерот уште од самиот почеток, при што многумина сè уште ја мразат богатата бизнисменка и ѕвезда на ријалити, и тврдат дека нивната врска е само маркетиншки трик.

Сепак, двајцата сè повеќе почнаа да се појавуваат на црвениот тепих како пар, но овие најнови фотографии од папараци може да ја потресат нивната љубов.

ИЗДВОЕНИ