„ТикТок“ во САД преминува под американска контрола – шест од седумте члена на управниот одбор ќе бидат Американци

39

Белата куќа објави дека тековните преговори со Пекинг предвидуваат шест од седум члена на управниот одбор на видео апликацијата „ТикТок“ во САД ќе бидат Американци.

„ТикТок“ ќе биде во мнозинско сопствеништво на Американци во Сооединетите Држави. Во одборот ќе има седум члена, од кои шест ќе бидат Американци“, рече портпаролката  на претседателот Трамп, Каролина Левит за „Фокс њуз“.
Таа додаде дека „податоците и приватноста ќе ги надгледува една од водечките американски технолошки фирми, „Оракл“, а алгоритамот, исто така, ќе го контролираат САД.

Според Левит, „исте овие елементи се веќе договорени, меѓу странките, само што треба да се „финализираат“.

„Имаме сјајни американски патриоти кои ќе го купат тоа, многу важни луѓе, луѓе кои ја сакаат нашата земја, кои се многу технолошки потковани“, изјави претседателот Доналд Трамп за новинарите во саботата вечерта.

Ден претходно, по телефонскиот разговор со својот колега Си Џинпинг, тој рече дека потпишувањето на договорот за „ТикТок“ сега би можел да биде „чиста формалност“.

Пекинг не даде никакви назнаки за тоа по разговорот на двајцата претседатели на држави.

Овие преговори се одвиваа во вреем кога американскиот закон планира да ја забрани платформата во САД, во има на национална безбедност.

Но откако се врати на власт, Трамп бара начин да ја задржи, продавајќи ги американските операции на „ТикТок“ на конзорциум американски инвеститори, вкучувајќи го својот сојузик Лари Елисон, шефот на „Оракл“.

Трамп верува дека „ТикТок“ помогна да ја зголеми неговата популарност меѓу младите Американси во текот на последната претседателска кампања.

Според извештаите во „Вол стриг журнал“ во петокот вечерта, американската влада очеува да прими провизија од повќее од милијарда доалри за својата посредничка улога во преговорите.

 

ИЗДВОЕНИ