Тијана Дапчевиќ повторно разбранува и тоа само поради една, но би рекле, оригинална изјава, во нејзин специфичен стил.
–Познавам луѓе кои дојдоа од село и се етаблираа, но има и многу такви кај кои селото никогаш не излезе од нив! Можеш со лопата да ги риеш. Не само во мојот шоу-бизнис, туку насекаде постојат такви. Јас длабоко се извинувам доколку некој се пронајде во ова, вели насмеаната Тијана.
Но и таа си е во „својот филм“. Со фотографијата од бањата, „распојасана“ во кадата. Оригинално, нема што!
Таа не застанува тука, туку деновиве е актуелна и со нејзината стенд-ап комедија „Менопауза“. А, најмногу и непријатно ги изненади сите кога откри дека со сестра си Тамара е подолго време скарана. Тие како сестри често се расправаат и се сакаат, „ама за коси не се кубат“, објасни госпоѓа Дапчевиќ. (Д. М.)












