Јасновитката како „гром од ведро небо“, сè ѝ погоди на Тијана. На пејачката ѝ кажа дека ќе сретне момче кое не е Македонец, но со кој ќе влезе во брак. И дека ќе се пресели од Скопје да живее таму кај момчето, во некоја друга држава. Исто така, Ружа ѝ предвиде на Тијана дека со тоа момче, идниот сопруг, ќе има и дете!
Не е некоја строга тајна дека многу популарни личности, а со тоа и оние од естрадата, одат кај искусни вистински јасновитки, кај кои ја бараат својата среќа и вистината за тоа што може да им се случи во иднината.
Неодамна во медиумите исплива една таква случка со популарната пејачка и глумица, Тијана Дапчевиќ. Таа одеше на баење тука, во Скопје, кај извесната јасновитка Ружа. Тоа на Тијана ѝ се случува уште тогаш кога не беше во брак со сопругот Милан. Ниту, пак, имаше за цел да направи голема кариера во Србија. Ништо од тоа.
Па, сепак, Тијана, тогаш Тодевска, побара „стручно мислење“ од јасновитката Ружа. А, јасновитката како „гром од ведро небо“, сè ѝ погоди на Тијана. На пејачката ѝ кажа дека ќе сретне момче кое не е Македонец, но со кој ќе влезе во брак. И дека ќе се пресели од Скопје да живее таму кај момчето, во некоја друга држава. Исто така, Ружа ѝ предвиде на Тијана дека со тоа момче, идниот сопруг, ќе има и дете и дека во неговата татковина ќе направи убава пејачка кариера.
Сè ова се оствари, а Тијана Дапчевиќ сè уште не може да поверува дека Ружа 100 насто ѝ ја погоди судбината. Па, ајде сега не верувајте им на јасновитките? Впрочем, кој како! Има и вистински професионални со вродена натприродна моќ, но за жал, има и измамнички. Тијана беше кај вистинската. (Д.М.) фото:ФБ