Кошаркарите на Париз го „прегазија“ Монако со 92:67 и по вториот триумф на домашен терен, поведоа со 2:0 во финалната серија од француското првенство.
Монако повторно беше без двајца од своите најдобри играчи: суспендираниот Мајк Џејмс и повредениот Даниел Тајс.
Париз беше предводен од македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс со 28 поени, три скока и пет асистенции, кого го придружуваше Јакуба Уатара со 11 поени и пет скока. Што се однесува до Монако, негов најефикасен играч беше, како и на првиот натпревар, Мамаду Заите со 14 поени и седум скока, а само Џордан Лојд беше двоцифрен со 12 поени и два скока.