Кошаркарите на ТФТ Скопје ја запишаа третата победа во регионалната АБА2 лига, откако славеа на гостувањето кај Борец во Бања Лука со 62:80. Македонскиот вицешампион сите четвртини ги заврши во своја полза и во ниту еден момент не му дозволи на домаќинот да се понадева на позитивен резултат.
Прв стрелец кај македонскиот тим беше Гордон со 28 поени, а двоцифрени беа и Ташковски со 15 и Самервил со 13 коша.
Со оваа победа ТФТ се враќа во игра за плејофот, а ист „скор“ 3-2, како и Војводина, МЗТ Скопје и Борец.
Следува пауза во АБА2 лигата се до средината на јануари месец, кога МЗТ Скопје и ТФТ ќе играат на домашен терен против Војводина и Слобода Тузла.











