Кошаркарите на ТФТ ја запишаа четвртата победа во АБА 2-лигата откако славеа на домашен терен, по продолжение, против Слобода со 96:91 (27:21, 26:22, 17:21, 11:17 и 15:10).

Избраниците на тренерот Боро Смилковски одиграа добро прво полувреме и имаа предност од десет разлика (53:43), но гостите од Тузла успеаја да ја надополнат негативата откако одиграа подобро во одбраната во второто полувреме, кое го добија со 38:28.

Дополнителните пет минути беа во знакот на екипата на ТФТ, особено откако поведе со единаесет разлика – 94:83, а гостите немаа сили за пресврт.

Со оваа победа, екипата на ТФТ се проби во горниот дел од табелата со скор од четири победи и два пораза.

ИЗДВОЕНИ