Кошаркарите на Работнички го добија дербито на 4. коло во Суперлигата откако во Гевгелија го совладаа Кожув со 86:81. Домашниот тим имаше предност во најголемиот дел од натпреварот, но последната четвртина беше пресудна која „центарци“ ја добија со 25:12. Ова е втора победа за избраниците на тренерот Владимир Мирковски.
Од оваа рунда со максимален ефект продолжуваат екипите на ТФТ, Пелистер и на Куманово. ТФТ по голема борба во „градското дерби“ го совлада Маџари со 79:76, Пелистер го победи Феникс 2010 со 89:68, додека Куманово беше убедлив против Ангели со 109:67.











