петок, февруари 6, 2026
Дома МАГАЗИН Тетовираниот Махмут Орхан со предновогодишен скопски концерт за љубителите на електронската музика

Тетовираниот Махмут Орхан со предновогодишен скопски концерт за љубителите на електронската музика

74

Скоро најпрепознатлив светски музичар од модерната електронска сцена и редовен учесник на водечките фестивали како „Tomorrowland“, „Zamna“ и најмногу на новосадскиот „Eгзит“.

Скопје е навистина волшебна метропола што се однесува до шарениот избор на музика. Има за сечиј вкус: оперска, забавна, шлагерска, народна, рок-поп, турбофолк, фестивалска, концертна, а многу скоро и електронска музика.

За вистинските љубители на електронската музика пристигнаа убави вести. Во Скопје, на 26 декември 2025 година, во арената „Борис Трајковски“ ќе се случи голем предновогодишен спектакл, насловен „Mahmut Orhan – the Arena experience“. Главна ѕвезда, секако, е тој – Махмут. Тој е еден од најпрепознатливите светски музичари од модерната електронска сцена и редовен учесник на водечките фестивали како „Tomorrowland“, „Zamna“ и најмногу на новосадскиот „Eгзит“.

Во содржината на концертот ќе биде вклучена и Стаси Санлин, интернационална диџејка и продуцентка позната по исклучителниот звук со афроелементи, а со неа и Махмут на сцената ќе биде и триото „Пипл лајк ас“. Настанот го сочинуваат и „Lephonq b2b Branchez“, истакнати имиња од домашната електронска сцена.                                (Д. М.)фото:Инстаграм

ИЗДВОЕНИ