понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тетовци исценирале судир на две возила за да наплатат осигурување

Тетовци исценирале судир на две возила за да наплатат осигурување

49

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама“.

На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција.

Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални ознаки и „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.

ИЗДВОЕНИ