Тетовци измамени за 15.000 евра: Им ветил дека ќе им среди да добијат странска пензија

22

Седумдесетгодишен жител на тетовско село во полиција пријавил дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.Н од Тетово.

Според пријавата, осомничениот во текот на 2024 година им понудил помош за остварување на пензија од странска држава, наведувајќи дека двајцата браќа имаат работен стаж што им овозможува право на пензија. Тој од нив барал паричен депозит и ги убедил да потпишат бланко документи и уплатници.

Откако ветената услуга не била реализирана, браќата сфатиле дека станале жртви на измама. Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ