понеделник, февруари 16, 2026
Дома СВЕТ Тестирал пиротехника на погрешно место: Најмалку 8 лица загинаа во експлозија во...

Тестирал пиротехника на погрешно место: Најмалку 8 лица загинаа во експлозија во продавница за огномет во Кина

74

Најмалку осум лица загинаа во ужасна експлозија на огномет само неколку дена пред кинеската Нова Година. Страшна експлозија одекна во продавница за огномет во село во покраината Џангсу, на истокот од Кина, а две лица добија полесни изгореници, пишува The Sun. Смртоносната експлозија се случила кога жител поставил пиротехнички средства премногу блиску до продавницата во недела попладне, според извештај од владата на округот Донгхај.

Надвор од големите градови каде што употребата на пиротехнички средства е строго регулирана, жителите на земјата редовно користат огномет за време на важни настани и празници како што е Лунарната Нова Година, која ќе се прослави утре.

„Несоодветна употреба“ на огномет од едно или повеќе лица предизвика експлозија во магацин во покраината Џангсу, соопштија властите на социјалните мрежи.

Пожарот предизвикан од експлозијата беше изгаснат околу 16:00 часот по локално време, се вели во истото соопштение, додавајќи дека осум лица загинале, а две други се полесно повредени.

Властите започнаа истрага, а одговорните се приведени.

Палењето петарди на полноќ е долгогодишна традиција, но многу градови го ограничија огнометот во последниве години поради загадувањето на воздухот. Сепак, некои локални власти ги олабавија своите забрани.

Ова не е прв пат огнометите да предизвикаат хаос во Кина. Минатиот октомври, огромен огномет тргна наопаку во градот Лиујанг, предизвикувајќи апокалиптични сцени. Шокантните снимки покажуваат панични толпи како трчаат за да си го спасат животот додека огнени топки паѓаат врз нив. Луѓето се криеја под столчиња за да го избегнат дождот од огномет.

ИЗДВОЕНИ