Тешко повредена тинејџерка на тротинет откако во неа удрил „опел“

29

Во саботата во 15:45 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и „Елпида Караманди“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(38) од струшкото село Шум и електричен тротинет, управуван од 16- годишна малолетничка од Струга.

Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Охрид.

ИЗДВОЕНИ