четврток, јануари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тешко повреден мотоциклист откако се забил во два паркирани автомобили

Тешко повреден мотоциклист откако се забил во два паркирани автомобили

76

Вчера околу 05.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Волтерова“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Д.(42) од Скопје удрил во паркирани патнички возила „форд“, сопственост на В.К.(46) и „опел“, сопственост на 51-годишната А.П., двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од МВР во дневниот билтен.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

ИЗДВОЕНИ