Легендарната пејачка дива, некогашната прва дама на некогашната југословенска забавна музика Тереза Кесовија не е во добра здравствена состојба. Лошите вести пристигаат од Загреб, каде што Тереза живее најчесто сама во својата луксузна куќа. Премногу натажена од како пред месец дена почина нејзината најдобра другарка, пријателка, дури и сестра според тоа колку беа блиски, исто така легендарната пејачка Габи Новак.

Смртта на Габи, сосема ја потресе Тереза. И ако е на естрадата позната со години наназад по својот исклучително ведар дух, оптимизмот, смеењето, распеаноста, овојпат Тереза ја гледаме, за жал, во некое поинакво издание. На комеморцијата во концертната сала “Лисински“ Тереза додје со онаа нејзината силна волја за живот и покрај тоа што многу тешко се движи. Целото време беше придржувана под рацете на продуцентот Никша Братош и текстописецот Маргит Антауер.-Едноставно кажано, морав да дојдам. На оваа комеморација посветена на мојата драга Габи која не можеше да помине без моето присуство. Вистина е дека имам силни потешкотии со движењето бидејќи подолго време се борам со болки во колената,  кои неодамна ги оперирав, но желбата за доинствениот омаж за Габи не сакав да го пропуштам, објасни тажната пејачка дива.

Таа на љубопитните новинари им раскажа дека со Габи беше цело време додека таа лежела во постела. – Лично се јавував и во Министерството за култура, барајќи на Габи да ѝ се овозможи некој соодветен кревет, бидејќи тој кревет кој ѝ беше доделен за неа така тешко болната личеше на некое страшило.  Но, ништо не направија.

Мојата Габи ја оставија тивко да умира, вели Тереза која и покрај лошото здравје, самата за себе си посака да застане што побргу на нозете. Вели, дека ја чекаат обожавателите и некои нови убави песни и концерти. Ние искрено посакуваме оваа желба на Тереза навистина да ѝ се оствари.   (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ