Секој кој следи кошарка знае кој е Жељко Обрадовиќ и какви достигнувања има човекот кој ја промени оваа игра од корен. Најтрофејниот тренер во историјата на Евролига моментно е без ангажман, а на негова адреса секојдневно притигнуваат понуди од големите европски великани.

Во својата кариера, тој раководел со бројни клубови како што се Партизан, Реал Мадрид, Хувентуд, Бенетон, Панатинаикос и Фенербахче, а токму во Фенер имаше можност да соработува со Јан Весели.

Весели сега игра за Барселона, а во петокот играа токму против Партизан, тим кој до неодамна беше предводен од Обрадовиќ. Барселона го доби натпреварот со 88:70, но за српските медиуми многу поинтересна беше изјавата на Весели, отколку самиот натпревар.

Весели разговараше со новинарите од српски „Меридијан Спорт“ и беше прашан за враќањето во Партизан бидејќи секој пат кога игра против својот поранешен клуб, постојано се слуша: „Јан, врати се“.

  • Немаше муабет за мое враќање. Луѓето велат, коментираат дека навистина не ми е гајле да дојдам. Секако, ако имаше контакт, ќе размислев кои се најдобрите опции. Но, никогаш не дојде до тоа. Секогаш велев дека би сакал да се вратам, но којзнае во што е проблемот… Или можеби не е проблем. Во секој случај, никогаш немаше никаков контакт, рече Весели.

Тој се осврна и на заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан.

  • Ми беше тешко. Ни се закани во Фенербахче дека ќе си замине, но тоа беше тактичка закана. И сега искрено се надевав дека ќе биде така, дека ќе заврши така… Не знам сè за тоа, во што беше проблемот, но верувам дека сè беше премногу за него. Имам чудно чувство. Но, мора да знаете дека сезоната не е завршена. Животот не е завршен. Играчите останаа. Можеби некои луѓе не се согласуваат за тоа, но мора да се игра до крај. Тоа навистина ме погоди. Не можам да верувам дека сè се сврте туку-така, истакна Весели.

ИЗДВОЕНИ