четврток, јануари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тешка сообраќајна несреќа во Кочани: Повредени се петмина тинејџери

Тешка сообраќајна несреќа во Кочани: Повредени се петмина тинејџери

49

Вчера во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди се здобиле тројца 16-годишници од с.Чешиново, с.Спанчево и с.Кучичино и 14-годишна малолетничка од с.Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ