Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска: Две лица настрадаа, а неколку се повредени при судар на автобус и автомобил

469
Фото:принтскрин/Осјекекспрес

Тешка сообраќајна несреќа се случи во недела наутро на автопатот Загреб-Белград, а според првичните информации, како што објавија хрватските медиуми, има жртви и повредени.

Најмалку две лица загинаа, а 15 се повредени, објави порталот 24 часа. Повредените се пренесени во болниците во Сисак, Загреб и Пакрац. Полицијата потврди дека несреќата на автопатот А3 се случила околу 3:10 часот, помеѓу раскрсниците Поповача и Криж, на околу 80 километри од Загреб, и дека бил вклучен автобус со босански регистарски таблички.

Сите служби за итни случаи се испратени на местото на настанот, сообраќајот на автопатот е прекинат и се пренасочува, користејќи државни, окружни и локални патишта. Хрватскиот автомобилски клуб објави дека поради прекинот на сообраќајот на автопатот се создал сообраќаен метеж.

Полициската истрага е сè уште во тек, по што ќе бидат познати сите околности на несреќата.

ИЗДВОЕНИ