Тешка сообраќајна несреќа во близина на Виченца: Тројца младичи ги изгубија животите додека враќале од роденденска забава – еден се бори за живот

150

Ужасна сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Асијаго, во италијанската покраина Виченца, погинаа тројца дваесетгодишници, додека четвртиот младич е тешко повреден и се бори за живот.

Петтиот патник во автомобилот поминал без повреди. Несреќата се случила околу 3:30 часот наутро кога автомобилот во кој се наоѓале удрил во фонтана на кружен тек, пишува италијански „Скај“, пренесува хрватски „Индекс“.

Според првичните информации, кои беа поткрепени и со снимки од надзорните камери, автомобил „Пежо 207“ во кое се превезувале пет младичи со голема брзина удрил во сообраќаен остров, а потоа се удрил во кружен тек на влезот во градот.

Младичите се враќале од роденденска забава во Лавароне. Загинатите се Никола Ксауса, роден во 2005 година, Пјетро Писапија, роден во 2004 година, и Рикардо Гемо, роден во 2005 година.

Ксауса и Гемо го прославија својот 20-ти роденден само пред неколку дена. Двајцата повредени младичи се родени во 2004 година. Едниот од нив, кој беше однесен во болница во Басано во критична состојба, беше исфрлен од автомобилот за време на ударот. Другиот, според италијанските медиуми, избегал од местото на несреќата и подоцна бил однесен во болница во Асијаго со полесни повреди.

Градоначалникот на Асијаго, Роберто Ригони Штерн, го изрази своето жалење поради трагедијата.

„Се соочуваме со драматична ситуација. Се ставам во улога на семејствата кои ги видоа своите деца како умираат вака. Ги прегледавме снимките од безбедносните камери, кои за жал се многу јасни. Овие млади мажи се симнуваа од Виа Лавароне со голема брзина и, без да дадат предност, се урнаа во сообраќаен остров, судирајќи се со сообраќаен знак кој беше целосно искинат.

Ударот изгледаше како огномет на снимката. Автомобилот се урна во кружниот тек, прелетувајќи над островот. Потврдувам дека се враќале од роденденска забава. Многу ни е жал, не можам да најдам зборови да им изразам сочувство на родителите на овие млади мажи.“

Претседателот на регионот Венето, Лука Заја, исто така, изрази сочувство.

„Изразувам најдлабоко сочувство и блискоста на целата венецијанска заедница со семејствата на тројцата млади мажи кои ги загубија животите синоќа во Асијаго.

Неизмерна болка, која нè погодува сите. Соочени со трагедии како оваа, кои ги прекинуваат животите во цветот на нивната младост, секој збор изгледа несоодветен.

Моите мисли се и со тешко повредениот млад човек, на кого искрено му посакувам да го надмине овој драматичен момент, и со неповредениот младич, кој ќе мора да се соочи со болката што засекогаш ќе го обележи неговиот живот“, рече Заја, додавајќи:

„Целиот регион Венето се собира околу семејствата погодени од оваа ужасна трагедија, околу заедниците вклучени и сите оние кои ги познаваа и ги сакаа овие младичи. Се обединуваме во колективна прегратка, со почит и тишина.“

ИЗДВОЕНИ