Тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман: Две лица загинаа, а три се повредени

296

Денеска околу 17 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на село Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица, информираа вечерва од МВР.

Оттаму соопштија дека од 18 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

-Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот – додадоа од МВР.

ИЗДВОЕНИ