Тешка несреќа во Србија: Четири лица загинаа во судир на комбе и градежен валјак

43
Screenshot: 192.rs/Instagram

Утрово, на патот меѓу Ириг и Рума се случи тешка сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, загинаа четири лица, а уште три се повредени. До трагедијата дошло кога патничко комбе, од засега непознати причини, удрило во патен валјак.

Снимките и фотографиите од местото на несреќата покажуваат стравични сцени –комбето е целосно уништено под тешката машина. На местото веднаш пристигнале екипи на итната помош, противпожарната служба и полицијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Пожарникарските екипи работеле интензивно за да ги извлечат загинатите и повредените од згмеченото возило. Неофицијално, три лица биле пронајдени без знаци на живот веднаш по пристигнувањето на службите. Повредените веднаш биле пренесени во болница на итен медицински третман.

Полицијата врши увид и работи на утврдување на точните околности и причините за несреќата.

Сообраќајот на овој патен правец е целосно запрен, а возачите се упатуваат да користат алтернативни рути сè додека не заврши расчистувањето и увидот.

ИЗДВОЕНИ