Вчера попладне се случи тешка трагедија на островот Раб, каде дете со германско државјанство почина откако падна од воден тобоган.
И покрај брзата реакција на спасувачките служби и укажаната медицинска помош, детето беше итно пренесено со хеликоптер во Клиничкиот болнички центар во Риека, но, за жал, лекарите не успеаа да му го спасат животот.
Полицијата, во соработка со надлежните служби и институции, интензивно спроведува истрага на лице место и ги утврдува сите околности што довеле до оваа несреќа.
„Вчера попладне, со медицински лет од островот Раб до Болничкиот центар во Риека беше пренесено дете, кое за жал почина и покрај укажаната медицинска помош. Детето е германски државјанин кое загинало кога паднало од воден тобоган. Полицијата, во соработка со сите други надлежни служби и институции, ги утврдува околностите и фактите поврзани со смртта на детето“, соопшти полицијата, а пренесоа хрватските медиуми.